Моето скришно Тетово

Приказната за Тетово, е таја што секој Тетовчанец башка знае да ви га каже. И свекој различно ќе каже зош го сака, или зош мора да не се сака... Ама је наше, и друго немамо. Се дичеле со него или се срамеле... Тоа је твоето Тетоо. Ако чини заради тебе чини, ако нечини заради тебе нечини.

И цела страна напраев за знаменитостите на градот, ама пак, само овде се крија тајнете заш је убоо Тетоо. У личните приказне...

Може не заради палате и авеније, ама заради тоа што сум го прошол низ Тетоо. Заради баба ми кој ќе ме викне у сред играње да јадем крајче параман со ајвар у нутра, заради крижи-мижи у маало, заради излети на бањиче и кале, заради раскрваените колена од На-тебе-шуга...

А што ти је уствари бш на тебе Тетоо?  Знаеш зош го сакаш? Едно знаем: Кој ќе пробаш да одговориш ќе видиш колку је тешко...

Твој скришни приказне од срце, за твое Тетово...

 

Тетово кој мириша на зима - дур надвор паѓа снег

Седнав и напишав у еден здив, а немислев дека ќе биде најчитаниот напис у 1 година на мое пишуење у ‘Го љубим Тетово’. Напишано на 19.дек.2009. Пробав да го читам пак кој има сл‘нце, ама неличи. Приказна која се лита со тргнато перде дур надвор паѓаа лапајце снег....   Читај овде...

 

Надвор од Тетово за Божиќ - Порука од Пекинг, мислејќи на Пена

Мери Томиќ је постара ѓоспоѓа родена у Тетово и сите ја познаваат по добро. Сега је на гурбет у Пекинг, Кина, заедно со целото семејство... После читањето на моето писмо за Тетово у снег - на Божиќ ми испрати порука. Колку и неа и недостига Тетово. Ретко ќе најдете писмо напишано со толку душа и од срце искрено за еден град.....   Читај овде...


 

 Пиши доле коментар или прати ми порука за твоето Тетово. Ќе биде објавена, или само наша тајна...

  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: