Дома > Тетово на дланка > Култура > Музеи>

Вест на неделата

Една од најубавите вести во последно време за Тетово, кои за жал останаа не приметени од останатие медиуми е објавувањето на Годишната Програма на Министерството за Култура за 2010 година.

Во него одвоени се доста средства за проекти во Тетово, во најголема мера грандиозни, зошто толку проекти и инвестиции во културата во Тетово немало никогаш. Тетово во 2010 прераснубва во културен џин на Македонија, зад себе оставајќи ги другите градови.

Програмата за култура за 2010 објавена пред само 2 дена:
http://www.kultura.gov.mk/documents/PROGRAMA__2010_n.pdf

Големи Инвестиции

На Тетово посветени се цели инвеститорски проекти и огромен буџет за следниве проекти, а многу од низв за прв пат реализирани правејќи ја 2010 да биде забележна во културната историја на Тетово:

  • Средства за оточнување на активностите за изградба на огромен објек – нов лендмарк на Тетово: Нова зграда на Театар и Библиотека во Тетово (според првите информации кои ги имам – веднаш лево до Културен Дом со дислокација на бараките карши пошта.
  • После повеќе години на дотрајаност, за прв пат реконструкција на Центарот за Култура (Културен Дом) во Тетово.
  • Конзервација, заштита и преставување на Камениот Мост над Вардар во Желино. Кај народот мостот познат како ‘Плачи Пичка‘ зошто кога мажите ги праќале на гурбет, жените имале право до тука да ги испратат па останувале на тој мост плачејќи.

Значајни Проекти

Најголемите зафати и највисоки средства одобрени се за археолошки ископувања и конзервација, кои му се неопходни на Тетово, зошто целосно беше запоставено во тој поглед порано. Така оваа година ќе се реализира:

  • Четврта фаза на археолошки ископувања на локалитетот ‘Градиште’ над село Стенче, каде со минатите ископувања најдени се епохални откритија за македонската историја со констатирање на единствена црква со 3 крстилници во РМ и епископско седиште;
  • За прв пат ќе има археолошки ископувања на веќе констатираниот од поарно локалитет ‘Градише’ над село Теарце. Таму се очекуваат доцноантички и средновековни трагови и бедеми од тврдина на град кој постое тука.

Ревалоризација на културни споменици и истаржување за:

Црква св.Атанас –Лешок, Археолошките локалитети ‘Градиште’-Белојште и ‘Орашко Кале Собри’ – Долно Орашје.

Конзерваторски проекти:

Конзервација на фрескоживописот во црквата св.Илија-Стенче; Проект за конзервација на царските двери на олтарот во црквата св.Никола-Челопек. Проект за конзервација на ѕидното сликарство на Шарена Џамија.

Конзервација и реставрација на оградниот ѕид (бедемите) на Тетовското Арабати Баба Теќе. Одобрени се средства и за 2 стари куќи кои се симбол на старата тетовкса градска архитектура: на ул.К.Ј.Питу 130 и Б.Миладинови 111.

Следниве се грандиозни научни проекти, објавени и во научен труд, за прв пат направени а особено значајни за Тетово:

  • Валоризација на машкото повеќегласно пеење во Долни Полог (на Институтот за Фолклор Марко Цепенков)
  • Дигитализација на топонимскиот материјал од Северозападна Маедонија (од Институтот за Македонски Јазик)
  • Вратничко-полошки говор (за прв пат научен пресек на овој посебен тетовски дијалект. Особено вредно дело. На Институтот за Македонски Јазик

Една од најголемите културни активности во Тетово во 2010 ќе бидаст организирани преку Националната Установа Музеј на Тетовскиот Крај и тоа:

105 години од сардисувањето на Лешочкиот манастир; Ликовна изложба – црквите и манастирите во тетовско (14-20 век); 165 години од смртта на Кирил Пејчиновиќ; Пеливанството во тетово – обичај или спорт; Грначрството – занает и уметност; Османлиска епиграфија и калиграфија во Тетово; Османлиски споменици во тетово; Тетовското маало. Во Тетово ќе гостуваат и изложби како: Праисториските дами од Македонија, Резбарени прозорци и врати во Западна Македонија и др.

Одобрени средства за Тетовски проекти

  • Литература: средства за книги на тетовските издавачи Јехона, Чабеј, Лума График, Здружение на уметници Пушкин и приватни издавачи. Книга за старите ретки занаети во Тетовско во издание на ‘Плејада ’ од Боговиње. Истражување заалбанската фолклорна музичка традиција во с.Седларево, тетовско. Комплетирање на книжниот фонд, реставрација на книги и нова опрема за градската библиотека Кочо Рацин
  • Музика: Средства за годишен концерт и на машкиот хор на Јован и на мешаниот на Јетон, при Центарот за Култура. Но и средства за тековната дејност на хоровите Менада и Лале и за годишна членарина на ТЕХО во европската хорска асоцијација. Одобрени се средства за гостување во странство на ‘Акапела’ во Германија; Мешаниот хор на Центарот за Култура во Скадар, на културното здружение ‘Буримит и Шарит’ во Саранда
  • Манифестации: Средства за следниве манифестации: Детски фестивал Јаболчиња, бајрамска вечер 2010, Фестивал на староградски песни ‘Теута’, Фестивал на обработен фолклор ‘Шарски Извори’, Фестивал на изворен фолклор ‘Шара Пее’.
  • Драмска Дејност: За Тетовскиот Театар одобрени се средства за 3 престави на режисерите: Ковачевски, Јахиу и Тараку. Но. Одобрени се средства и за Независна и алтернативна продукција на Друштвото за филмска продукција и Театар ‘Ода’ од Тетово и за 2 престави на Центарот за Култура на режисерите Богдановски и Арслани.
  • Ликовна дејност: За Уметничката галерија - амам во Тетово одобрени се средства за организација на 1 меѓународна ликовна колонија, 7 самостојни изложби на тетовски сликари и 1 колективна изложба на апсолвентите од Тетовскиот Универзитет. Средства има и за Колективна изложба на графичари од РМ во Центарот за Култура, и за Здружението на Ликовни Уметници од Тетово (ЗЛУТ) со 1 ликовна колонија, 1 самостојна и 2 колективни изложби и едемн научен проект. Одобрени се средства и за гостувања на 2 сликари од странство (по еден од Босна и Албанија) и нивна изложба во Тетово.
  • КУД: Средста за тековни активности и учество на фестивали низ земјата на Културно Уметничките Друштва – ‘КУД Бранко Чајка’, ‘КУД Џеладин Зекири’, ‘КУД Јехона’, ‘КУД Брвеница‘, ромската ‘КУД Пралипе’ но и на КУЗ ‘Три Гавровски’.

Тетово гази со големи чекори напред.

Дарко Гавровски, 27.01.2010

  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: