Дома > Тетовски древности > Спомени и марифети > Верска традиција> Прочка>

Прочка

Денот прочка во православниот календар секоаш е менлив, зошто зависи од датумот на славење на денот Велигден. Прочка се паѓа секогаш точно 7-та недела пред Велигден.

Сирна недеља

Последната седмица пред денот Прочка се вика Сирна или Сиропосна недеља и е седмица во која се прави постепена подготовка за 7-неделниот Велигденски пост. За тоа се подготвува и организмот за да не доживее шок: од месишта одма на постење без зејти.

Оваа недела, како што кажува името, пред се се јадат млечни производи, јајца - само не месо.

Амкање Јајце

Самиот ден Прочка кој се паќа во ден Недела има своја традиција и адет во Тетово. Тој ден вечерта се Амкаа Јајца. Вечерта на прочка, конец на кое виси вареното јаце или се врзувал за греда од таван или почесто се врзувал за оклагија (оклаѓија, сукало) кој ја држел најстариот во семејството. Сите останати (жените, децата) седнуваат во центарот на собата а тој со оклагијата на кое виси јајцето ги залажува при нивната задача: да го амнат (фатат со уста и прегризат) јајцето без при тоа да употребуваат раце.

Тој што ќе успее во тоа ќе има среќа цела година. Потоа преполовеното прегризено јајце внимателно со лажиче се вади од лушпата и им се дели на присутните да го изедат за среќа, а во половината лушта се сипува малку црвено вино. Потоа конецот кој виси од оклагијата се гори над оваа лушпа со вино.

По ова се изговараат имиња на присутните почнувајќи од најмладиот и се пали конецот кој виси над празната лушпа од јајцето (со изговарање: да гори-да гори Драган, па да гори-да гори Дарко итн) а пепелот од изгорениот конец со рака се оборува во виното во лушпата. Со тоа се гледа колку побрзо гори толку повеќе изговорениот ќе живее.

Таквото вино сега има магиска моќ и затоа им се подава на сите по малку да пивнат (лижнат) од тоа вино со пепелот од конецот. и конецот кој е останат неизгорен на оклагијата има магиска моЌ и се користи за Закушќе магиско лекување од логајца и сл. и затоа се чува најчесто Предикона.  Со ова ритуалниот дел завршува и почнува богата семејна мрсна гозба без месо (најпрвин со кршкање со јајца) како последна пред седумнеделниот велигденски пост. Овој адет во Тетово е Широко застапен и ден денес.

Со Јацето се отвора и затвора циклусот на велигденските пости: Тоа е последно нешто што го јадете на Прочка пред постот - и првото нешто што го вкусувате вечерта на Велигден на полноќ кога се кршкате и го јадете првото јајце.

Барање Прошка

По Амкањето, секогаш помладиот од постариот бара Прошка за се што изминатата година можеби му згрешил, и вика: Прости ми ако сум згрешил нешто.  Постариот на тоа одговара: Нека ти е просто и од мене и од господа.

Ова е многу битно, повторно од аспектот на постењето кое следува. Зошто не е битно само постењето на телото со храната, туку и постењето на душата и мислите. Во постот несмее да има лоши мисли и кавги. Вас не ви вреди воопшто постот ако сте искарани со семејството. Според православитето: нема право да побара причест заради постење оној кој незбори или е искаран со некого од фамилијата.

Ти можеш колку сакаш да се изнајадеш посен граф или леб и сол, ама ако влечеш кавги низ овие 7 недели - немаш право на причест. Не е важно што јадеш, туку како се однесуваш и дали лоши зборови другому упатуваш. Во спротивно тоа не е пост туку обична фитнес диета!

Или како што викаше мојата покојна Баба: Не је важно што влага у уста - туку што излага од уста !

 

Порано вечрта се одело и на барање прошка од кумот и догаш му се носело најубавото јаболко како подарок и така се барало прошка. Исто така со јаболко носење се бара прошка и од сите кои се ндвор од потенста фамилија.

 

Чисти понеделник

Првиот ден Понеделникот после Прочка е и прв ден од велигденските пости, а се вика Чисти Понеделник. А еве и зошто:

Овој ден бил наменет за чистење и миење на сите садови во домаѓинството. Се ставале сите лонци, тенџериња, чинии и чаши во казан со врела вода и се миеле и триеле со пепел, а со цел НИКАКВА трага од претходна мрснотија на нив да не остане за навистина постот да биде без ниту траг од мрсно заостанато на садовите. денот се користел и за чистење на домот.  Овој адет бил цела церемонија на чистење и останало да се вика Чисти Понеделник.

 

Велигденски пости

Од утредента после прочка започнува постење од 7 недели до Велигден. Правило е првата и последната недела да се постат без зејтин, а неделите помеѓу (од 2-та до 6-тата) постењето е со зејтин.

Овде е битно да напоменам едно од најголемите жртвувања во постот и најтежок пост: Тоа е држењето Тример.

Тример е најстрог пост во православието. Тоа е случај кога после прочка - наредни три дена воопшто не се јаде ни леб, ниту вода се пие. Воопшто несмее ништо во уста да се стави. Ваквиот пост од 3 дена е толкава жртва што православието го признава еднакво како да си постел обичен пост од 7 недели. Ваквиот пост денес во Тетово го држат само постари луѓе кои се особени верници.

На крајот секој пост завршува со Причестуење, во кое во црква се добива причест од попот со нафора (која го симбилизира Исусовото тело) и Вино (исусовата крв)

Среќни велигденски пости и Простите ми ако нешто досега сум ви згрешил,

Гавро
 

  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: