Промоција на книга за Музејот во Џепчиште

Утре, четврток, 30.09.2010 (почеток 12:00 часот) во Музеј на Македонија (Под скопско кале) Скопје, ќе биде промовирана монографијата ‘МонЕграфија’ на тетовчанецот Симеон Златевски Моне (по неговиот надимак е крстена и МОНЕграфија) кој е сопственик на Најмалиот Етно Музеј во светрот во селото Џепчиште.

Оваа Монографија е посветена токму на овој музеј и е прв детален приказ на сите предмети од овој музеј и на историјатот на самиот музеј.

Чичко Моне е навистина еден од најзаслужните тетовчани кои прават нешто денес за Тетово и за промовирање на нашагта култура, а неговиот музеј стана локален бренд кој е споменат во многу странски туристички водичи.

Деновиве овој музеј беше отворен постојано како дел од проектот Европска Недела на Културата спонзорирано од ЕУ. Повеќе за ова овде:
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127922

Се повикуваат сите тетовчани, утре во Скопје, на промоцијата на оваа тетовска монографија, во знак на подршка на нашиот чичко Моне.

 

Промоција на книга за Музејот во Џепчиште


назад
  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: