Рушен најстариот објет во Тетово од 1463 !!!

Нешто што неможе да се поврзе:

ПРИКАЗНА ПРВА:
Најстар објект кој дн-днаска постои у нашиов град свите би рекле дека је Шарена Џамија. Ама не је таќе. Таја је изградена 1495 година.
Најстар објект је Гам Гам Џамија која је изградена точно 1463 и постара за 30 године од Шарена Џамија. Оваја џамија се наоѓа у ГамГам Маало (близу Масларски пазар, зад суд, на раскрсницата на Борче Кочоски со Радован Цониќ) од старото истоимено турско маало чии потомци уште жива у истото маало.

ПРИКАЗНА ВТОРА:
Од сега више ова све погоре је у минато свршено време. Сега стварно Шарена Џамија је најстар објект у Тетово.

Пред недеља Гам Гам Џамија га рушија !!!!

Проаѓам прошлата недеља туе со кола и неможем да се изначудим на нечива имбецилност. Дали некој се засекира? Дали реагира Музејот на Тетовски крај освен што држи Биенале еднаш у две године. Тој објект не је само верски туку и историски чим издржал точно 547 године: и Турско, и Бугарско и Српско и земјотреси и поплаве и комунизам – за сега некој ранобудни архитекти и ’големи верници‘ да им текне да га напраа ’понова‘. Дали можеби ќе га напраа и ПОСТАРА?

Ова го пишем не како православен или муслиман туку како Тетовчанец. Џамија туе имало и пак има. Когај више има можела да остане таја од пред 574 године (градена 30 године пред Колумбо Америка да га открие). А зошто џамија или црква треба да биде помодерна? Па тоа не је трговски центар. Дали сега ќе има и интернет конекција и спа центар ?? Дали некому му сметаше што беше премногу ‘Турска’ таја џамија?  

У еден медиум на албански го прочитав како успех, фалење и голема инвестиција тоа што се гради новава џамија. Небитно што за тоа требаше да се руши стара. Зошто новата не га изградија на друго место?

Дали некому му је гајле, освен ја овде што пишуем? Дали некој друг од 65.000 жители на Тетово уопште го примети ова, или само ја нешто сум демек цепидлака? Дали знаеше некој дека је од 1463? Дали се најде некој стар градски Турчин или Албанец, да реагира? -  Не. Тетовски Музеј – сигурно не. Медиуми - недобиле факс па незнаа.

Кој дошло време муслимани да не им је гајле за историската вресност па руша стара џамија, а православен е единствен што реагира, тогај тешко и горко на све што је друго вредност у градов?  Се секирате за ‘Лименката’ што га тргнаја? Па тија тргнаја Џамија стара над 500 године. И тоа самите. Ниту Удба,ниту војна, ниту комунизмот... туку Самите себеси.

Све преживела таја стара Тетовска Џамија цели 547 године –  године, и времиња, и разни газде и режими – само не успеа да одоли на глупоста на некои нови новопечени ранобудни тетовчани. Таквите људи и пирамидете у Египет и катедралата св.Петар у Рим би ги преѕидале у помодерни (!) и понови (!)...

А кому је па гајле уопште за све ова што го изнапишав... Пола и таќе несваќаа зошто го пишуем...

Ај место ова да играмо Тексас Холдем Покер и да стаемо негде Like :(

Рушен најстариот објет во Тетово од 1463 !!!


назад
  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: