Прва Листа на сите Тетовски Градоначалници

Подолу е најновиот проект за составање на листа на Сите Тетовски Градоначалници (преседатели на Општина) досега.

Овој труд е за прв пат направен во историјата, и е единствена составена листа од ваков вид.

Ова беше дотолку потешко ако се знае дека ниту има некаде запишани податоци за да се преземат наготово, па затоа за многу од личностите или требаше дополнително да се истражува кај живи роднини, или пак ако самите се сеуште живи да се направи интервју со секој од нив.

Во различно време, првите луѓе на Тетовската Општина биле различно ословувани: Кмет на Општина (за време Бугарско), Претседател на Општина (за време Српско и во Комунистичкиот период) или Градоначалник на Општина (1997 - денес)

Ги повикувам сите оние кои имаат повеќе информации да ги споделат за да останат зачувани за идни истражувачи.

Ова е само почеток. Го немаше ниту ова. Понату следи листа и на градоначалниците пред 1944 година, и уште подетални биографии и слики за секој од нив. Ова е и база од која и други следни истражувачи ќе можат да доистражуваат.

Преземањето на податоците не е дозволено без да се наведе извор: Дарко Гавровски / интернет Портал: Тајните на Тетово / gavro.com.mk

 

 

САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА (1944-денес)

Еднопартиски систем (1944-1991)

  • 1944 - 1965 (Двостепена територијална организација) - Претседатели на општински одбори

 

1. Илија Стојчевски


2. Иса Селмани


3. Веселин Пандиловски

Еден од основачите на Комунистичката Партија во тетово уште 1919 година. Учесник како партизан во 2 св.војна. Избран за Преседател на Општина, а по тоа работел и е пензиониран како Директор на ‘Отпад’. Имал само една ќерка Марица мажена и преселена во Скопје и изгубени трагите во Тетово. Живеел во куќата со брашнара карши Циганска Чешма во Долни Поток (Циганско Маало).


4. Ефреим Усеини


5. Александар Мартиновски

По оваа функција, забележано е дека на 04.01.1951 е избран за Секретар на Народното собрание на НРМ


6. Спирко Спирковски


7. Живка Отуњска

(Родена с.Отуње, Тетовско - Почината во Тетово)

Прв женски Претседател на Општина Тетово во историјата. По оваа функција во 70-тите е пензионирана како Претседател на Заедницата за Здравствено осигурување на Работниците во Тетово.

Живеела во своја куќа на Поток (ул. Гоце Делчев). Не била мажена и починала без наследници (а сепак познато е дека 36 деленици се појавиле од странични роднини за нејзината куќа).


8. Стојан Ѓорчевски

По оваа функција, подоцна станува и Генерален Директор на Волнарскиот Комбинат - Тетекс.


9. Методија Ристовски


10. Д-р Славко Милосавлевски


11. Кочо Тулевски

(Тетово, 1921 - Тетово, 27.08.1995)

Над Кино Братство живееле (тој бил зет за ќерка во сем. Лешковиќ - основачите на Биоскоп Лешковиќ, денес кино Братство). Со 2 деца Владимир и Зоран во Скопје. Претседател на Врховен суд (1975-1982); Член на Владата (републички Извршен совет) на СРМ (1982-1986). На 4.11.1965 избран за Пратеник на Соборот на народите на Сојузната скупштина на СФРЈ, а пред тоа Пратеник на репбличкиот собор на собранието на СРМ.

Единствен Градоначалник на Тетово со најголем број од 3 мандати, претседател на врховниот суд.
 Претседател на Окружниот суд во тетово, Претседател на Врховниот Суд на Македонија, републички и сојузен пратеник од Тетово. Најначајна улога за Тетово имал како еден од најпознатите и кај граѓаните најомилени тетовски градоначалници поради што ја обавувал оваа функција во дури 3 мандат


 

 

  • 1965-1996 (едностепена територијална организација) - Претседатели на Собрание на Општина

12. (1965 - 1968) - Костадин Михајловски


13. (1968 - 1972) - Кочо Тулевски (втор пат)


14. (1972 - 1975) - Кочо Тулески (трет пат)


15. (12.12.1975 - 13.04.1982) - Љубомир Трајкоски

(роден: Тетово, 08.ное.1929 - 24.jaн 2014)


16. (1982 - 1984) - Мелко Антевски

(роден: с.Вратница, Тетовско, - починат: )


17. (1984 - 1986 апр.) - Стевица Божиновски


18. (1986 апр. - 1991 фев.) - Петко Дабески


 

 

Повеќепартиски систем (1992 - денес)

  • 1992-денес (едностепена територијална организација) - Градоначалник на Општина

19. (1991 фев. - 1991 ное.) - Борче Тренески
(роден: Скопје -)

Скопјенец поставен како времен Преседател на Општина, назначен од Владата, а заради незадоволството и нередите при започнување на повеќепартискиот систем и избирање на Преседател албанец. Поставен за приврено за ја примопредаде власта на избраниот од страна на советот Преседател на Општина од ПДП Шаќир Алити.

Тренески долго време има работено како Новинар во Радио Скопје.


20. (1991 ное. - 1997 фев) - Шаќир Алити


21. (1997 фев - 1997 јул.) - Алајдин Демири

Алајдин Демири (Alajdin Demiri; Роден во Тетово на 19. дек. 1954)

Редовните локални избори на 17. Ноември 1996 се организираат во цела Македонија, но во Тетово се поништени заради нерегуларности, и се повторени дури во Февруари 1997 кога на истите победува Демири.

Неколку месеци подоцна, заедно со градоначалникот Руфи Османи од Гостивар предизвикале револт во државата со истакнување на државното знаме на Република Албанија пред општинските згради. Така, од страна на тогашниот премиер Бранко Црвенковски било решено да се спроведе полициска акција за отстранување на знамињата.

На 9 јули 1997 во Гостивар етничките албанци излегле на протести веејќи албански и турски знамиња. Истиот ден започнала и акцијата за отстранување на знамињата. После целодневните престрелки и немири, кон крајот на денот, македонската полиција влегла во општинското собрание, симнувајќи го албанското знаме, а двата градоначалници биле уапсени.

Во судски процес во септември 1997 - Алајдин Демири добил казна затвор од две години (Руфи Османли бил осуден на тринаесет години затвор). Спомнатите локални функционери одбија да ја спроведат тогашната одлука на Уставниот суд и да ги симнат албанските знамиња од општините. На нив им беше судено за кривичните дела оддавање државна тајна, предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, организирање отпор, како и за непочитување судска одлука.

Со Законот од 20.јануари 1999 година, од времето на владата на трипартитната коалиција - ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и ДА предводена од Љупчо Георгиевски, беа опфатени околу 930 лица, кои во тоа време се наоѓаа во казнено-поправните установи. Повод за вака голем опсег на амнестирање беа Османи и Демири, како и двајцата претседавачи на општинските совети во Гостивар и на Тетово, кои беа осудени со затворски казни поради познатите деветтојулски настани во 1997 година.

Експретседателот Киро Глигоров, првиот пат стави вето на овој закон, по што Собранието го изгласа уште еднаш. По ова, Руфи Османи и Алајдин Демири, градоначалници на Гостивар и Тетово, биле пуштени на слобода.


22. (1997 јул. - 1999 мар.) - Исмаљаки Емурлаи


23. (1999 мар. - 2000 апр.) - Муртезан Исмаили 

Муртезан Исмаили (Murtezan Ismaili; Роден на: 04.јули 1949.)

Прв мандат 1999-2000: Избран на вонредни ликални избори на 07.март 2009 Тетово организирани за да се пополни местото на разрешениот претходен градоначалник и вд градоначалникот по настаните во 1997.

Образование: 1968-1972: Факултет Биохемија (Приштина, Косово); 1974-1976: Магистерски Биохемија (Загреб, Хрватска); 1982-1986: Докторат Биохемија (Загреб, Хрватска)

Работно искуство: 1975-1999: Професор на Универзитетот во Приштина; 2005-денес: Директор на институтот за Животна средина и Здравство на УЈИЕ; Од 2008 Про-ректор на УЈИЕ. Моментално работи како Редовен професор на факултетот за Современи науки и технологии на УЈИЕ.


24. (2000 апр. - 2005 апр.) - Муртезан Исмаили (втор пат)

Втор мандат 2000-2005: На редовните локални избори на 10.април 2000, како кандидат на ПДПА и НДП избран повторно за втор манадат (од 5 кандидати за градоначалник) и останува на таа позиција се до локалните избори во април 2005


25. (2005 апр. - 2009 апр.) - Хазби Лика


26. (2009 апр. - 2013 апр.) - Сади Беџети


27. (2013 апр. - 2017 апр.) - Теута Арифи

 

Прва Листа на сите Тетовски Градоначалници


назад
  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: