124 години од раѓањето на БЛАГУЊА - ДЕЈЧЕ ПОЖАРАНЧЕ

11.април 2013

Деновиве прославуваме ден од Тетовската Историја: 124 години од раѓањето на БЛАГУЊА - ДЕЈЧЕ ПОЖАРАНЧЕ родена на 11.април 1889 година.

Ни нејзините роднини не знаеја да го кажат точниот датум на раѓање на оваа најпозната опеана Тетовска Убавица, но затоа деновиве одговорот го најдов на местото каде има повеќе податоци од Тетовскиот архив - Тетовските православни гробишта. Инаку никогаш точниот датум никаде не е објавен и овде ексклузивно јавно и за прв пат го објавувам денес.

Таму го пронајдов семејниот гроб на семејството Бошњаковски - и неочекувано... и сликата ... и точниот датум на раѓање и починување на оваа најпозната тетовска убавица.

Таа била родена на 11. април 1889 а починала на 26. март 1956 година

Потекнувала од Пожаране но семејството се преселило во тетово каде цел живот живеела. Откако не се зела за Аце Абаџија од песната (подоцна по грешка препеано аџамија) - омажена е за 9 години постариот од неа Диме Бошњак.

И двајцата се погребани на ова место...

Веќе ја имам објавено точната сторија како е настаната оваа песна според интервјуто кое го имав 1999 со баба Дука - ќерката на Благуња (почина 2005)

Таа песна е направена пред нејзината свадба за Диме кога имала околу 18 години - значи песната е створена во време турско: околу 1907 година !

Eве овде на нејзината надгробна плоча доказ дека нејзиното име е БлагуЊа (со Њ) а не како некои нови препеани верзии кои се почесто во поново време ја пеат како БлагуНо дејче (со Н)
 

незнам дали некој друг некаде деновиве го прослави нејзиниот роденден. Затоа ние овде да се сетиме на Благуња... убавицата по која денес при секое нејзино опевање, каде и да е во светот... се обелува образот на Тетово

Погледни овде и преслушај кој се ја има препеано оваа песна:

http://gavro.com.mk/StarogradskiPesni.aspx


11. април - датумот на раѓањето на Благуња... засекогаш нека остане како датум славен како Датум на НАЈУБААЈТЕ ТЕТОВСКИ ДЕЈЧИЊА.

Не постои балкански пеач кој не ја знае оваа песна...

Најпрепеаната тетовска песна во историјата - по кое и Тетово е познато....  а Тетово ја заборави и не и го знаеше до денес ниту датумот на раѓање...

Нека се слави нејзиното име



При цитирање на текстов да се наведе извор: Дарко Гавровски / портал 'Тајните на Тетово' / gavro.com.mk

 




 

 

124 години од раѓањето на БЛАГУЊА - ДЕЈЧЕ ПОЖАРАНЧЕ


назад
  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: