Тетовските Песни за ЛАЗАРЕ

 

У субота, последниот викенд пред Велигден је празникот Лазаре (Лазарева Сабота). Прастара тетовска традиција е вечерта петокот према суботата уочи празникот млади деца да ида по куќе и да поа Лазарице. 

Еве за свите што ида по куќе да поа - оргинал на време да науча:

Има посебна песна за различни домаќини каде што одат и соодветно се менува.

Еве како се пеат оргинално најстаро во градот по Тетовски, според старата Тетовчанка Надица Настоска, професор во пензија (огромна благодарност во оваа прилика до неа).

Овја песме за напишани и стаени на интернет за прв пут у историја на Тетово:


Свекоја песња почиња со иста строфа:

Доброутро Лазаре,Лазаре, доброутро Лазаре, ал сакате Лазаре? По енпут у година, за светога Лазара...

 

Песња за млада дејка немужена

Доброутро Лазаре...

Црнооко, девојко! Што се носиш поносиш!

Со косата ибришим, со челото алтанче!

Со веѓете пиајце, со очите фиљџани,

Со образи симиди, со носето калемче!

Со устата кутија, со зубите бисери,

Со језиче локумче, со брадиче ќаиче!

Останите си збогум, Лазаре, останите со збогум!

Годинава дворои, Лазаре, годинава дворои, догодина сараи! (Со оваа строфа завршува секоја песна.)

 

Песња за младо момче неженето (беќарче)

Доброутро, Лазаре . . .

Овде јунак неженет, Лазаре, овде јунак неженет.

Жените го, жените, зарем ќе ви одбегне!

У две, у три планине, тамо мома ќе најде,

Ќе га фати за рука, носи-носи дур дома, на ти мајко одмена,

Татку бела промена, брату коња седлана, сестри крпа везена.

Останите со збогум . . .

 

Песња за стара жена

Доброутро, Лазаре . . .

Овде стара-старица, на столица седеше, Лазаре, на столица седеше,

Голуби ранеше, на голуби поеше: “Зобајте ми, зобајте, девет чифта голуби“,

Останите со збогум . . .

 

Песња за домаќин

Доброутро, Лазаре . . .

Сам се Бошко (Санко, Младен. . .) фалеше, “Имам жена убаа, имам жена убаа,

Поубаа од була, побела је од јајце, поработна од вила, потенка је од пушка. пооштра је од сабја“,

Останите со збогум . . .

 

Песња за деца

Доброутро, Лазаре . . .

Изникнало борченце (јелкиче, ако е женско или два бора ако има две деца)

Не ми било борченце, мајки било синенце, со ними се поноси, како нива со ченца,

Лазаре, као нива со ченца, како лозје со грозје, како бавча со цвеќе, како чешма со вода.

Останите со збогум . . .

 

Венчиња и Поење на тајфе за Лазаре

Адет је за Лазаре да се плета венчиња нарочито со посебна биљка што баш се вика Лазаре (трава со розе цвеќе ситно). Тија венчиња се поклањале и свите дејчиња днта на Лазаре иделе у косете со стаено такво венче

Ама најголем адет је идење по куќе и поење. Домаќинот ѓи пречекуе и јем дава вино, раќија, паре... и после они продужуа у друга куќа... и таќе до рани зоре...

Еве слика од една таква тајфа која поеше за Лазаре 2012, кј мене пред врата у 5 саат сабјле. Поканети са свите тајфе што и годинава ќе поа да дојда на гости кај мене да поа:

 

 

Тетовските Песни за ЛАЗАРЕ


назад
  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: