празникот БАЛАКЛИЈА У Тетово

Уште еден убав празник иде днојве  - БАЛАКЛИЈА
И пак чешитен само за Тетово. Уште се вика Источен петок, и е секогаш првиот петок по Велиген.

Традицијата у Тетово на самиот дн Балаклија је у петокот да се иде бш нарочито у црквата Св.Богородица у Горно Маало на служба.

Ама се слави особено свечено четвртокот поручек уочи празникот когај свите Тетовчани ида масовно у дворот на црквата за да го прослава унапред празникот, праејќи излет у дворот на црквата со ручек од дома земен, со јајца од велигден кршкање.

Овја ваков адет го не е порзан со ниту една друга црква у Тетово, нити го има у ваков облик у било кој друг град. Балаклија е тесно поврзано со оваја црква и Горно маало.

На овја дн, свите ида у Горно Маало у Богоројца на служба, а адет је да се носа јајца од Велигден, за кршкање. До пред некое време адете беше да се иде на излет со ручек и цело Тетово испоседнато околу црквата, по река Пења па и до Бањиче.

Зошто овја празник е поврзан со оваја црква? Приказната зошто се слави ова иде ваќе:


Пред 300 године, петокот после Велигден, у Тетоо, одма под црквата Богоројца у Горно Маалона река двајца пријатели ловеле риба. Едниот бил Македонец, а другиот Турчин. Имале и оѓин запалено со тавиче загреано за рибете што ќе ѓи фата...
Турчино
т му рекол: Шо славевте ова пред 5 дена? Нашиот му кажал за Велигден и дека је заради воскреснуење на Исус.
Турчинот тогај на шала рекол: Како не, кј има тоа воскреснуење, каурска работа... ај ако може такво нешто да биде, ај рибава умрена сега на тава ќе га стаем па ај нека воскресне...
Уште недоречен лафов, у тој момент рибава умрена, изрипуе од тавичево ка тогај да била уловена, и право у река побегнуе назад...

Е тогај турчинов поверуел, и после тоа големи дароој дал на црквата Богоројца за здравје...

Он самиот ова на свите го прекажал како голем знак од господ, а Македонците ова чудо почнале да го прославуа, и од тогај до дн-днска, свекој прв петок по Велигден ида у Богоројца на Балаклија - од турскиот збор Балак што значи Риба = славење на рибата... што им покажала на свите неверни дека Воскреснуење ете бидуе...

Балаклија, Тетово, 2011

 


 

При цитирање на текстов да се наведе извор: Дарко Гавровски / портал 'Тајните на Тетово' / gavro.com.mk

 

 

празникот БАЛАКЛИЈА У Тетово


назад
  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: