Избор: Тетовски Локал на Годината - 2010
Ова анкетирање e организирано втора година по ред. Истражувањето е направено по пат на анкета, во период од 16.12.2010 до 08.01.2011, на примерок од 621 испитаник. Преставени се просечните оценки за секој локал, при оценување од 0 како најслаба оценка до 8 како најдобра.
Секој можеше да оценува со 5 различни оценки, кои носеа различни поени:
- Одлични конобари и услуга (8 поени)
- Добри конобари и услуга (4 поени)
- Просечни конобари и услуга (2 поени)
- Лоши конобари и услуга (1 поен)
- Најочајни конобари и услуга на свет (0 поени)
Најдобар тетовски КАФИЌ / БАР / ДИСКОТЕКА:
Се оценуваа вкупно 21 локал од категоријата Кафиќи / Барови / Дискотеки, кои функционирале во Тетово во текот на 2010. Резултатите се преставени на подолниот графикон.
Во споредба со лани:
И годинава, две години по ред, првото место го држи барот ‘Медисон’ со тоа што годинава дури просечната оценка е подобрена од 4,65 (2009), на 5,74 (2010), од можна максимална оценка 8.
Интересно е што и лани (кога имаше 14 локали) и годинава (со листа од 21 локал) пак последно место и очигледно најнеомилен кафиќ кај Тетовчани е Fashion Cafe (до Имиџ)
Очигледно е дека новите кафиќи на листата се поомилени и ги изгураја надолу старите на листата надолу. Така огромни падови имаат Имиџ, Пунто Верде, Ало Ало, Версус и Сити (иако некои од нив имаат и поголеми просечни оценки од лани); - но нивните места ги зазедоја поомилените градски дискотеки, но и клубовите како Base и Saloon. Невиден скок нагоре од претпоследно лани – на 2-ро годинава има Маестро, со што се гледа дека вложувањето во најновото комлетно реновирање се исплати.
Најголем пад и успон во споредба со лани:
Локали со Најголем ПАД во споредба со лани: Имиџ – пад за 10 места (од 3-то во 2009 на 13-то во 2010); Пунто Верде – пад за 8 места (од 2-ро во 2009 на 10-то во 2010); Ало Ало – пад за 6 места (од 8-мо во 2009 на 16-то во 2010); Версус – пад за 5 места (од 10-то во 2009 на 15-то во 2010); Сити – пад за 5 места (од 6-то во 2009 на 11-то во 2010);
Локали со Најголем УСПОН во споредба со лани: Местро – скок за цели 11 места (од предпоследно 13-то во 2009 на 2-ро во 2010) и Бекстејџ (кај Цоци) – скок за 2 места (од 7-мо во 2009 на 5-то во 2010);

Најдобра тетовска КАФЕАНА / РЕСТОРАН / ПИЦЕРИЈА :
Кандидирани беа 28 локали во оваа категорија. Тетово во оваа категорија има уште многу маалски кафанчиња, но овде се задржавме на ‘кремот’ на тетовското угостителство:
Во споредба со лани:
И годинава, две години по ред, првото место го држи ресторанот ‘Бела Миа’ со тоа што годинава дури просечната оценка е подобрена од 5,60 (2009), на 5,95 (2010), од можна максимална оценка 8. Последен локал годинава од вкупно 28 е ресторанот Соле (во истиот ред на згради акде се наоѓа кафиќот Версус).
- Очигледно, и туке е, дека новите ресторани го зазедоја местото на голем дел од старите. Пролетта 2010 се отвори Делфина во с.Сиричино и веќе е на 2-ро место на листата, како и новиот Еснаф на 3-то место, но и реновирањето на пицерија Форум, ја доведе меѓу првите 10 иако лани имаше 1 глас. Меѓу ново-додадените на листата а кои фигурираат меѓу првите е и ресторанот Емпориум (во Рамстор на Спрат) и Тиволи, а стандардно како и лани меѓу најдобрите се и Делфина (Тетово), Сенатор и Петрол Компани. Интересно е што пицеријата Пунто Верде иако затворена на 1.октомври, котира ан 9 место и има повеќе гласови и ранг од самиот кафиќ Пунто Верде.
Најголем пад и успон во споредба со лани:
Локали со Најголем ПАД во споредба со лани: Евергрин (кај Пејчина) – пад за дури 18 места (од 8-мо во 2009 на 26-то во 2010); Принц – пад за 9 места (од 12-то во 2009 на 21-во во 2010); и падот на поените кое се должи на затворањето на некои локали во 2010 како: Мајор Ричи – пад за 8 места (од 7-мо во 2009 на 15-то во 2010); Тич – пад за 6 места (од 5-то во 2009 на 11-то во 2010); Татар – пад за 5 места (од 13-то во 2009 на 18-то во 2010);
Локали со Најголем УСПОН во споредба со лани: нема позначајни скокови.

.
(с) Дарко Гавровски, 09.01.2011