Проект:  ТЕТОВО 2014

Додека другите се тепаат за проекти кои го слават минатото - Тетово со практични, мега-проекти ’ги шишна‘ и прави проекти со инвестиции во иднината. Овде се преставени сите нови проекти кои го менуваат сегашниот изглед на Тетово !

Наспроти проектот Скопје 2014, и проектите на другите кои се тркаат со спомениници - Тетово ги претрка сите со странски, локални и владини инвестиции и отворање на нови школи, трговски центри, национален парк, театар, библиотека, спортски сали... Тетово во 2014 е веќе дефинирана метропола!

Новите инвестиции, бизнисот, новите илјадници вработувања оваа година, и со тоа гаранцијатата за стабилно и побогато Тетово - ете тоа се Тетовските Споменици и нашиот проект наречен Тетово 2014.

Сето она што го нема денес но ќе биде до 2014, преку сегашни зачетоци на реални проекти и веќе влезени пари:

Ѕирни какво ќе биде твое Тетово во 2014 . . .

 

Најголем трговски центар досега во Mакедонија

PLAZA TETOVO - Најголем трговски центар во Македонија (3 пати поголем од досега наголемиот) - 34.000 м2. Најголема странска и приватна инвестиција во историјата на Тетово и Полог - 18 мил. евра. Целта: Тетово да прерасне регионален трговски центар за Македонија и Косово. Многу светски брендови во 120 локали. - Шопинг Туризам во Тетово! Нови вработувања: вкупно 400.  

Читај ОВДЕ . . .


 

Мега проект: Тетовска Индустриска Зона

Тетово и сега је прво у Македонија по бизниси, ама тек сега уште појќе: Увелико се подготвуе мега проектот за Тетовска Индустриска Зона за производни фирме од странство. Кој идете накај Скопје целата десна страна карши Петрол Компани огромна индустриска зона. Работите почнуа овој јуни и се подготвуе отпочнуење на пристапен пат, а има голем интерес за странски компание (Данска, Турција) со кои контактира и владата и градоначалникот. Огромно чудо од 98 хектари.

Читај овде: детали за ТИЗ  /  реклама за ТИЗ на Invest in Macedonia  /  Вест Алсат: Работите почнуваат  /  Најнова вест МИА: Работите почнуваат во јуни .


 

Најголемиот приватен средношколски комплекс во Македонија

Читај ОВДЕ...


 

Шар Планина - Национален Парк

Се привршуваат активностите со кои Шара ќе се прогласи за Национален Парк со што Тетово ќе биде жариште на планинскиот туризам во Македонија:  нови отктриени видови на инсекти во 21.век и 150 ендемски видови нарастенија, полседно место во Европа каде живее Рисот. Последната недопрена природа во Европа. Преку планинарските друштва веќе се подговени велосипетски патеки, патеки за планинарење, и целосно нов проект за ревитализација на ски центарот Попова Шапка. 

Читај ОВДЕ . . .


 

Нов најголем Хотел со 5 ѕвезди и бизнис комплекс во Тетово

На местото на срушениот ресторан Електра (близу Веро) отпочна да се гради мега бизнис центар како здружена инвестиција на Електо Метал и Ренова. Од почетните букви на овие 2 компании настана и името на овој проект - РЕМ Бизнис Центар - Тетово.



Нов репрезентативен објект во центарот - Градска Библиотека и Театар

Читај ОВДЕ . . .


 

Нов Ургентно-Дијагностички Центар - втора по големина медицинска установа во Македонија


 

 

 

  • tweeterIcon
  • facebookIcon
Детална прогноза
weather icon
  • макс:
  • мин:
weather icon
  • макс:
  • мин: