Земјоделство и Шумарство
Вонредните климатски услови и рељефот на полошката котлина, со една аграрна површина од 7561 хектари, од кои обработливо земјиште се 3937 хектари, или 52%, претставуваат оптимални услови за развој на земјоделството. Вредните земјоделци од оваа општина го одгледуваат најквалитетниот зеленчук во Републиката. Далеку се прочуени тетовскиот грав, пиперките и друг вид на зеленчук.
Посебно значење граѓаните му придале и на овоштарството. Земјоделскиот комбинат одгледува и расадник за овошје. Тетовското јаболко е прочуено и надвор од државата.
Овде значајна улога игра и професионалниот кадар, обучен во средното земјоделско училиште во Тетово.
Земјоделска површина | Обработлива површина | Пасишта | ||||
вкупно | ораници и бавчи | овоштарници | лозја | ливади | ||
38264 | 3594 | 2981 | 306 | 69 | 238 | 34670 |