KAДЕ ВЕЧЕР ?
Избор: Најдобар Тетовски Локал на Годината
Избор во Тек: 2013
Во тек е 5-тиот јубилеен избор за најдобар локал во Тетово (13.12.2013 до 05.01.2014) од оваа година во 3 категории.
КЛИКНИ И ГЛАСАЈ ЗА НАЈДОБАР ЛОКАЛ: ОВДЕ
Сите намерници кои ќе го посетат Тетово денес, не смеат а да не посетат некој од тетовските ноќни локали или пак некој од бројните ресторани и кафеани. За да ги препорачам тука, а за да небидам пристрасен, веќе 5-та година по ред овој портал организира Избор на најдобар и најлош локал во Тетово и тоа во три категории:
- Кафиќи / Барови / Дискотеки / Базени (најдобро место во Тетово за Пијачка и Забава)
- Кафеани / Ресторани (најдобро место во Тетово за Јадење и Мезење)
- Пицерии / Сендвичари / Пецива (Пица и Фаст фуд)
Избор: 2012
Избор помеѓу 19 кафиќ/бар/дискотека и 39 кафеана/ресторан/пицерија. Погледнете ги резултатите од истражувањето спроведено помеѓу најголем репрезентативен примерок во досегашните 4 години на избирање - вкупно 678 испитаници. Според избор на читателите најдобар Кафиќ во Тетово е Медисон, а Ресторан - Пунто Верде.
Категорија: Ресторани / Кафеани / Пицерии / Сендвичари
Оваа година 678 испитаници изгласа дека најдобар Ресторан за 2012 година е ПУНТО ВЕРДЕ. Ресторанот започна со работа во декември 2011 (на место на истоимениот кафиќ) и за 1 година се искачи веднаш на врвот. Воедно овој нов ресторан има во оваа категорија најголема досега просечна оценка од 6,17 (од максимум 8) во 4 годишната историја на ова гласање, од сите досегашни победници.
Годинава за прв пат се додадени и повеќе познати Сендвичари/Пицерии и во таа категорија водат МацМац и Бургер Хаус.
Најголемо искачување во споредба со лани: Покрај Пунто Верде кој е нов на листата во споредба со лани, најголем скок нагоре има за цели 9 места - ресторанот Принц после големото реновирање оваа година.
Категорија: Кафиќи / Барови / Дискотеки / Базени
Помеѓу 19 локали за пијачка и забава, 678-те испитаници за најдобар го одбраа MADISON LOUNGE BAR. Овој локал започна со работа декември 2000 и веќе 12 години го држи високиот стандард на работење во Тетово. Од 4 години на овој избор, дури 3 години е прв на листата.
Оваа година за прв пат беа додадени и 4 базени кои беа отворени во 2012 и популарно место за забава летото. Од нив оној во Брвеница беше изгласан за најдобар.
Најголемо искачување во споредба со лани: рекордер е Diverso Club (од 9 на 4 место искачување за цели 5 места)
Избор: 2011
Избор помеѓу 18 кафиќ/бар/дискотека и 27 кафеана/ресторан/пицерија. Погледнете ги резултатите од истражувањето спроведено помеѓу 470 испитаници. Според избор на читателите најдобар Кафиќ во Тетово е Маестро, а Ресторан - Тетоец.
Избор: 2010
Избор помеѓу 21 кафиќ/бар/дискотека и 28 кафеана/ресторан/пицерија. Погледнете ги резултатите од истражувањето спроведено помеѓу 621 испитаник за тоа кои се најдобрите, а кои најлошите тетовски локали за 2010...
Погледни ги резултатите за НАЈДОБАР ТЕТОВСКИ ЛОКАЛ за 2010: ОВДЕ
Избор: 2009
Избор помеѓу 14 кафиќи/барови и 18 ресторани/пицерии. Погледнете ги резултатите од истражувањето спроведено помеѓу 423 испитаници за тоа кои се најдобрите, а кои најлошите тетовски локали за 2009...
Погледни ги резултатите за НАЈДОБАР ТЕТОВСКИ ЛОКАЛ за 2009: ОВДЕ
(с) Дарко Гавровски
Начин на анкетирање
Ова анкетирање за прв пат е спроведено во 2009 од старана на авторот на порталов како електронска анкета, со цел Избор на најдобра и најлоша услуга во Тетово во текот на годината.
Оваа анкета повторно се спроведува за избор на Најдобрите Тетовски локали веќе 4 години по ред и над 600 испитаници го оценуваа секој од локалите за таа година.
Секој можеше да оценува со 5 различни оценки, кои носеа различни поени:
- Одлични конобари и услуга (8 поени)
- Добри конобари и услуга (4 поени)
- Просечни конобари и услуга (2 поени)
- Лоши конобари и услуга (1 поен)
- Најочајни конобари и услуга на свет (0 поени)
За да се избегне пристрасно гласање: Може да се гласа еднаш од еден компјутер (една IP адреса) за да се спречат можни злоупотреби. Исто така секој мора да гласа за миниму 5 различни локали, Резултатите се генерираа во интернет програма.