Шар Планина - Национален Парк
Фантастично убава вест: Привршуваат активностите за конечно Шар Планина да стане четвртиот национален парк во Македонија (по Пелистер, Маврово и Галичица). Читај новински записи ОВДЕ. . .
И неколку занимливости поврзани со ова, кое нема да го прочитате на друго место а ги разбрав од Професорите-Биолози од Скопје кои го промовираат проектот за национален парк. Прочитајте за последната недопрена дива природа во срцето на Европа:
Единствено место во Европа со нови откриени видови во 21.век
Познат бугарски инсектолог кој случајно бил како турист на Попова Шапка во 2007 (!!!) откри 2 нови видови инсекти досега непознати за науката, шетајќи се околу хотелот. За да откриете нови видови немора да идете по Амазон - во 21-от век непознати животински врсти има на Шара.
Последното место на свет каде расте дивото лале
Шар Планина има над 150 ендемични врсти на растенија што ги има само тука и никаде на друго место на светот. Дали сте знаеле дека единственото место во Европа каде расте цветот Лале во дивинас е ендемичниот вид кој го има само на Шара - ШАРПЛАНИНСКО ЛАЛЕ (лат.Tulipa Scardica). Мало, а по боја - вино црвено. Најреткото и најубоото лале на светот, на нашата Шара. Прашав планинари е кажаја дека го виделе ама незнаеле за неговата вредност. Ги молим свите тија што планинарејќи по Шара ќе вида вакво лале да го сликаа и да ми ја прата сликата, задолжително.
Последното место каде живее најголемата Европска дива мачка - Рисот
Во прилог на проектот за прогласување на Шар Планина за национален парк до крајот на годината - уште еден раритет: Шарскиот масив е последното во Европа каде живее Балканскиот Рис.
Ајде малку историја: Последните примероци на т.н. Евроазиски Лав во Европа живееле на Балканот, а последен пишан запис за лавови во дивината во Европа се од 3 век н.е., кога последните примероци биле истребени на Балканот, поточно Тесалија денешна централна Грција.
Оттогаш, најголема дива мачка во Европа е Рисот, а на Балканот постои посебна подврста – Балкански Рис, кој денес е истребен во целост и на целиот Балкан има уште 200 примероци, и тоа само уште во Западна Македонија на Шарскиот Масив (Шара, Кораб, Маврово: Плакенска и Илинска Планина) и никаде повеќе на светот. Токму затоа и овој рис е симбол на Македонија и се наоѓа на монетите од 5 денари.
Моментално на Маврово има голем Меѓународен проект со поставено фото-стапици кои имаат фотографирано само 29 примероци. Со прогласување на Шара за национален парк проектот ќе се прошири и тука.
Најголемата дива мачка на Балканот – Рисот, моментално може да се најде само уште во Тетовско и Гостиварско на високите падини на Шарскиот Масив. Рисот во Тетовско е приметен над потегот Пирок-Боговиње, Лешница, На Плоча над Лешок и Теарце па се до Љуботен. Шара за национален парк со своите реткости ќе биде за туризмот на Тетово тоа што е Охридското Езеро за Охрид
Ова го пишувам за тие што мислеа дека симбол на Тетово е само тетовскиот гравот и тетовската јабука. Епа проширете го списокот и со Шарското Лале, Шарската Качунка, Балканскиот Рис, Шарпланинецот (единствена признаена призната раса на куче од Македонија)... За Џепчишките Лубенце и Речичките Јагоде и да непраемо моабет (да кснеш – да пораснеш)
Повеќе за балканскиот рис - читај ОВДЕ. . .
Повеќе за Меѓународниот проект за спас на Балканскиот Рис во Македонија - читај ОВДЕ. . .
Дека балканскиот рис го има само уште во Македонија со 200 примероци - читај ОВДЕ. . .
(с) Дарко Гавровски, 2009
назад